Џафери на Инвестициски самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој
- Техничкиот премиер Талат Џафери, утре ќе учествува на Инвестицискиот самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) што ќе се одржи во седиштето на Банката во Лондон, Велика Британија.

Скопје, 25 февруари 2024 (МИА) - Техничкиот премиер Талат Џафери, утре ќе учествува на Инвестицискиот самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) што ќе се одржи во седиштето на Банката во Лондон, Велика Британија.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, премиерот Џафери ќе биде придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими.
За време на Самитот, Џафери ќе присуствува на централниот и придружен настан, а ќе има и билатерална средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо, стои во соопштението. вг/
Фото: МИА Архива