• сабота, 23 ноември 2024

Џастин Бибер објавува нов албум, прв по пет години пауза

Џастин Бибер објавува нов албум, прв по пет години пауза
Лос Анџелес, 14 февруари 2020 (МИА) - Канадскиот поп-пејач Џастин Бибер, кој се врати во студио по пауза од пет години, нагласува дека ова враќање не му било лесно. - Се соочував со многу стравови. Се плашев околу тоа за што да говорам, и како тоа другите ќе го протолкуваат... Почнав да се споредувам и со други уметници, рече пејачот за „Епл мјузик“. Бибер денеска го издава албумот „Changes", прв од 2015 годинa. Тој лани се венча со манекенката Хејли Болдвин, а претходно страдаше од депресија, се рехабилитираше од дрога и од лајмска болест. Поп-ѕвездата досега има објавено четири албум - „Мy Wоrld 2.0", „Under the Mistletoe", „Believe" и „Purpose". Добитник е на повеќе Греми музички награди. си/јт/

Остани поврзан