Џампаоло пред отказ по поразот од Лацио
- Тренерот на Торино, Марко Џампаоло може да биде отпуштен, објави „Фудбал Италија“.

Торино, 2 ноември 2020 (МИА) – Тренерот на Торино, Марко Џампаоло може да биде отпуштен, објави „Фудбал Италија“.
Според изворот, причина за отказ може да биде поразот на натпреварот од Серија А против Лацио (3:4). Торино на овој дуел прими два гола по 95. минута.
По шест натпревари во Серија А, фудбалерите на Торино освоија само еден бод и се наоѓаат на претпоследното, 19. место. зс/