• недела, 28 јули 2024

Џамал ​​Крафорд објави крај на професионалната кариера

Џамал ​​Крафорд објави крај на професионалната кариера
Њујорк, 21 март 2022 (МИА) - Трикратниот најдобар резервен играч во НБА-лигата, Џамал ​​Крафорд, објави дека се повлекува од активното играњето. Вчера Крафорд наполни 42 години. Тој твитна фотографија од себе на улично игралиште. - Збогум натпревари, сите трофеи, адреналин. Ти благодарам кошарка, ти должам сé, напиша Крафорд. Во кариерата Џамал имаше просек 14,6 поени, 2,2 скока и 3,4 асистенции по натпревар. Крафорд последен пат играше во сезоната 2019/20 за Бруклин. зс/

Остани поврзан