• сабота, 16 ноември 2024

Џака пред нов договор со Арсенал

Џака пред нов договор со Арсенал
Рим, 4 август 2021 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред Гранит Џака се договори за продолжување на соработката со Арсенал, објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер. Според изворот, Швајцарецот наскоро ќе потпише договор со „топчиите“ до летото 2025 година со зголемување на платата. Актуелниот договор на играчот за врска важи до 2023 година. Џака ова лето беше блиску до приклучување кон Рома, но клубовите не можеа да се договорат за цената за трансферот. Дваесет и осумгодишниот фудбалер минатата сезона настапи на 45 натпревари за Арсенал во сите натпреварувања и постигна еден гол и две асистенции. зс/

Остани поврзан