• вторник, 24 декември 2024

Ќучук со честитка за Денот на независноста: Вие сте вредна членка на НАТО

Ќучук со честитка за Денот на независноста: Вие сте вредна членка на НАТО
Скопје, 8 септември 2022 (МИА) - Силно верувам во успехот на Северна Македонија и знам дека единството и добрососедските односи се клучот за нашата заедничка иднина во Европа, порача лидерот на Европските либерали, европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук  во честитката по повод Денот на независноста на Северна Македонија, 8 Септември. - Изминатите  три децении Северна Македонија измина долг пат и треба да бидете горди на она што го постигна во однос на демократијата, слободата, човековите права и владеењето на правото, истакнува Ќучук. Тој додава дека денеска, 31 година подоцна, ја гледа Северна Македонија како составен дел од евроатлантското семејство, а неодамнешните обврски за поддршка на Украина само го докажуваат овој факт, особено кога се појавува дестабилизација на светскиот поредок. - Вие сте вредна членка на НАТО и заслужено ги започнавте преговорите за пристапување во ЕУ. Тоа е огромен успех, бидете горди на вашите достигнувања и продолжете да се стремите кон нови. Среќен ден на независноста!, посочува Ќучук. дма/мд/      

Остани поврзан