• среда, 25 декември 2024

Њу Џерси го легализира канабисот по повеќе неуспешни обиди

Њу Џерси го легализира канабисот по повеќе неуспешни обиди
Њу Џерси, 23 февруари 2021 (МИА) - Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи потпиша закон со кој се легализира канабисот за возрасни, се декриминализира поседувањето до 170 грама дрога и се менуваат реформите во кривичната правда што ќе го промени начинот на комуникација на полициските службеници со малолетни престапници. На тој начин, Њу Џерси стана 15-та американска федерална држава што го легализира канабисот за рекреативна употреба, пренесува американскиот „Политико“. Пред три месеци, 67 проценти од гласачите го поддржаа уставниот амандман според кој жителите на Њу Џерси над 21 година можат да продаваат и да користат канабис. - Не постои никој кој ги поддржа овие напори, а кој не би признал дека овој процес траеше многу подолго отколку што се очекуваше, но секако е подобро да се прават работите како што треба, а не брзо, рече Марфи на прес-конференција. паг/  

Остани поврзан