• петок, 05 декември 2025

„Њујорк тајмс“: Европските лидери поканети на средбата на Трамп и Зеленски во Белата куќа

„Њујорк тајмс“:  Европските лидери поканети на средбата на Трамп и Зеленски во Белата куќа

Њујорк, 16 август 2025 (МИА) - Европските лидери се поканети да присуствуваат на средбата што ќе се одржи в понеделник во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Володимир Зеленски, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на високи европски официјални претставници.

Средбата меѓу Трамп и Зеленски ќе се одржи еден ден по Самитот на американскиот претседател со рускиот лидер Владимир Путин на Алјаска, кој, според Вашингтон, донел „голем напредок“, но не резултирал со договор за прекин на огнот во Украина. ссм/

фото: архива

Остани поврзан