• вторник, 24 декември 2024

Њујорк донесе Закон против дискриминација на обезните луѓе

Њујорк донесе Закон против дискриминација на обезните луѓе

Њујорк, 12 мај 2023 (МИА) - Градот Њујорк усвои закон со којшто се забранува дискриминација врз основа на тежина. Градските советници кои го поддржаа Законот, сметаат дека луѓето со вишок килограми имаат тешкотии во рестораните и театрите... А, се истакнува дека тие лица се дискриминирани и при доделувањето велосипеди од градските власти.

Од друга страна, лидерот на опозицијата во Градското собрание на Њујорк, Џозеф Борели изјави дека е загрижен оти Законот можеби ќе доведе до тоа њујорчани да тужат секого за сè.

- Имам прекумерна тежина, но не сум жртва. Никој не треба да се чувствува лошо за мене освен копчињава од кошулата, изјави Борели за „Њујорк тајмс“.

Во САД, повеќе од 40 отсто од возрасните граѓани се дебели, а испитувањата покажуваат дека дискриминацијата е сеприсутна.  си/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан