• петок, 05 декември 2025

Њукасл ја одби понудата на Ливерпул за Исак

Њукасл ја одби понудата на Ливерпул за Исак

Њукасл, 1.август 2025 (МИА) - Премиерлигашот Њукасл ја одби понудата од 120 милиони фунти или околу 140 милиони евра на Ливерпул за напаѓачот Александер Исак. Шведскиот репрезентативец има уште една сезона договор со Њукасл, но сака да замине од клубот и сега тренира во Сан Себастијан со својот поранешен тим Реал Сосиедад. Како што информираат во сумата биле вклучени и дополнителни бонуси. 

Њукасл на својот 25-годишен напаѓач му понуди нов договор со излелзна клаузула, која ќе може да биде активирана следното лето. 

Желбата на Исак е да направи трансфер во редовите на шампион на Англија, Ливерпул. Но, неговиот клуб нема да му дозволи заминување се до моментот додека не обезбеди замена во нападот на неговото место.   мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан