• сабота, 21 февруари 2026

Њукасл пред пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите

Њукасл пред пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите

Баку, 18.февруари 2026 (МИА) – Екипата на Њукасл со победата од 6:1 остварена во првиот дуел од 1/16 финалето од Лигата на шампионите против Карабах на гости е пред пласман во осминафиналето. Јунак на дуелот беше Ентони Гордон, кој постигна четири голови сите во првиот дел, а два беа со удар од белата точка.

Другите два гола за премиерлигашот ги постигнаа Малик Тиао и Џејкоб Марфи, додека почесниот гол за домашната екипа го постигна Елвин Чафаргулаев.

Во вечерниот термин се играат уште три други дуели, а двојките се: Бодо/Глимт – Интер, Бриж – Атлетико Мадрид и Олимпијакос – Баер Леверкузен. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан