• вторник, 24 декември 2024

Љутков ќе даде отчет за сработеното на 10 октомври, набргу потоа и прес-конференција за Универзалната сала

Љутков ќе даде отчет за сработеното на 10 октомври, набргу потоа и прес-конференција за Универзалната сала

Скопје, 2 октомври 2024 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков најави дека на 10 октомври ќе има комплетен отчет за сработеното од страна на Министерството за култура и туризам, а неколку дена потоа, на посебна прес-конференција ќе ги обелодени следните чекори за повторно ставање во функција на Универзалната сала.

Тој денеска за време на неговата посета на НУ Национална опера и балет, на новинарско прашање кога ќе се стави во функција Универзалната сала, посочи дека истата е преземена незаконски, а подетално објаснување најави веднаш после 10 октомври.

Универзална сала веќе седум години е вон функција. Како објект што го претставува срцето на Скопје, треба да се надминат многу разлики  и да се продолжи со проектот кој е веќе е постоен и одо

-Аргументите се на наша страна, не само од професионалци вработени во Министерството за култура, туку и од други консултански куќи и правници. Единствен е фактот дека Универзалната сала е преземена незаконски. Но пак ќе кажам, веднаш после 10 октомври кога ќе биде отчетот на Министерството за култура и туризам, за неколку дена ќе направиме и една посебна прес-конференција на која ќе ги кажеме чекорите, што сме затекнале, каков процес сме затекнале од Универзална сала, кои се последиците од таквото незаконско преземање и кои ќе бидат брзите чекори за повторно ставање во функција и повторно градење на Универзална сала. Не зборуваме за нов проект, не зборуваме за рушење. Зборуваме само за легално преземање на овој постоечки проект кој што го имаме сега, за да бидеме и ние сигурни и исправни пред законот. Да можеме да продолжиме најлогично како што треба, изјави Љутков. бт/ац/

Фото: МИА, МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан