• вторник, 03 декември 2024

Љутков: Уште нема новост од Обвинителството за трошењето на буџетски пари од страна поранешната министерка за култура

Љутков: Уште нема новост од Обвинителството за трошењето на буџетски пари од страна поранешната министерка за култура

Скопје, 2 октомври 2024 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска потенцираше дека се уште нема новости од Јавното обвинителство во врска со наводната злоупотреба на буџетски пари од поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

-Не, се уште немаме новости од Јавното обвинителство. Целата документација е испратена. Кога ќе не известат нас, веројатно ќе знаете и вие, изјави Љутков за време на неговата посета на НУ Национална опера и балет, одговорајќи на новинарско прашање.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини поранешната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска дека користела буџетски пари за приватни цели за време на нејзиното службено патување во Лондон во октомври минатата година. Веднаш потоа и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет по допрен глас. Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција посочи дека ќе одговара ако се утврди неправилност, а во спротивно најави тужба против ВМРО-ДПМНЕ.бт/аа/

Фото: МИА

 

Остани поврзан