Љупче Љачев нов директор на струмички „Комуналец“
- Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска за нов директор на ЈПКД „Комуналец“ го именуваше Љупче Љачев, досегашен раководител на Подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Струмица, 10 јануари 2024 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска за нов директор на ЈПКД „Комуналец“ го именуваше Љупче Љачев, досегашен раководител на Подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Веста ја објави струмичкиот градоначалник на неговиот фејсбук профил, а за новиот директор на струмичкото комунално претпријатие напиша дека е човек кој има долгогодишно искуство во јавниот сектор и е посветен финансиски работник.
Како што информира Костадинов, досегашниот директор на „Комуналец“, Зоран Горгиев, ќе продолжи да работи како главен координатор за сите јавни претпријатија во Општина Струмица. рт/дма/
Фото: ФБ Костадин Костадинов