• среда, 27 ноември 2024

Јутјуб нуди поширока употреба на „слика во слика“

Јутјуб нуди поширока употреба на „слика во слика“
Лос Анџелес, 27 август 2021 (МИА) - Видеоплатформата Јутјуб има намера да го исполни ветувањето - на сите корисници на ИОС да им понуди режим „слика во слика“. Порталот „Теккранч“ пишува дека корисниците на „Ајфон“ и „Ајпад“ во САД први ќе имаат можност да го искусат тоа. Така, луѓето веќе можат да гледаат видеа во „лебдечки“ прозорец додека „ги прелистуваат“ социјалните мрежи или друга интернет-површина. Премиум-тестот завршува на 31 октомври, и потоа апликацијата треба повторно да се инсталира. Засега не се знае кога режимот „слика во слика“ ќе биде достапен без Премиум-сметка.  си/сд/

Остани поврзан