Јуростар: Од утре продолжува железничкиот сообраќај од Париз по откривањето на бомбата од Втората стветска војна
- Железничката компанија „Еуростар“ соопшти дека од утре ќе продолжи редовниот сообраќај меѓу Париз и Лондон, како и на релација Париз-Брисел, откако претходно денеска беше откриена бомба од Втората светска војна на железничката станица во Париз, пренесува БФМ.

Париз, 7 март 2025 (МИА) - Железничката компанија „Јуростар“ соопшти дека од утре ќе продолжи редовниот сообраќај меѓу Париз и Лондон, како и на релација Париз-Брисел, откако претходно денеска беше откриена бомба од Втората светска војна на железничката станица во Париз, пренесува БФМ.
Претходно денеска, за време на работа на станицата „Гар ди Нор“ во Париз, беше откриена неексплодирана бомба од Втората светска војна и сообраќајот беше целосно прекинат.
Бомбата била откриена на шините на околу 2,5 километри од станицата.
„Гар ди Нор“ е третата најпрометна железничка станица во светот и се опслужува со возови до и од дестинации во северна Франција, како и со оние од Лондон, Белгија и Холандија. Најмалку четири воза на линиите на Еуростар требаше да тргнат од „Гар ду Норд“ утринава, но сите поаѓања беа откажани. паг/
Фото: ЕПА