• петок, 26 јули 2024

Јунајтед не привлече ниту една трансфер цел на Солскјер

Јунајтед не привлече ниту една трансфер цел на Солскјер
Манчестер, 7 октомври 2020 (МИА) - Манчестер Јунајтед не привлече ниту една трансфер цел на менаџерот Оле Гунар Солскјер, иако привлече еден куп играчи пред затворањето на преодниот рок. Според американската телевизија „ЕСПН“, Норвежанецот му дал на раководството „задолжителна“ листа од четворица играчи. Тоа се Џејден Санчо (Борусија Дортмунд), Џек Грилиш (Астон Вила), Нејтан Аке (Бурнмаут, сега во Манчестер Сити) и Дајо Упамекано (Р.Б. Лајпциг). Солскјер дури пред неколку недели го уверувал Санчо дека оваа година ќе слета на „Олд Трафорд“ ... „Црвените ѓаволи“ започнаа многу слабо во сезоната, а понижувачкиот пораз од 1: 6 на домашен терен од Тотенхем започна сериозно да го тресе столот на Солскјер.

Тагови

Остани поврзан