• понеделник, 02 септември 2024

Јулијана Величковска настапи на Интернационалниот поетски фестивал во Ларнака, Кипар

Јулијана Величковска настапи на Интернационалниот поетски фестивал во Ларнака, Кипар

Скопје, 22 април 2023 (МИА) - Македонската поетеса и писателка Јулијана Величковска со свое читање настапи на Интернационалниот поетски фестивал во Ларнака, Кипар. Читањето се одржа во градскиот театар. 

Величковска говореше и на тркалезната маса која се одржа во рамки на фестивалот на тема „Поетскиот јазик како израз и сообликувач на општеството“.

Фестивалот ќе трае до 23 април, а него учествуват и поети од САД, Грција, Германија, Шпанија, Италија, Колумбија, Словенија, Хрватска и од земјата домаќин Кипар. вг/

 

Фото: МИА

Остани поврзан