• среда, 27 ноември 2024

Јужнокорејски зачинети тестенини повлечени од пазарот во Данска - биле премногу лути

Јужнокорејски зачинети тестенини повлечени од пазарот во Данска - биле премногу лути

Копенхаген, 12 јyни 2024 (МИА) - Од пазарот во Данска повлечени се три луто зачинети производи од јужнокорејската компанија „Самијанг“. Властите на оваа северноевропска земја тврдат дека нивото на состојката капсаицин во тестенините со луто пилешко „може да ги отруе потрошувачите“, пренесе „Би-би-си“.

„Самијанг“, од своја страна, вели дека нема проблем со квалитетот на храната.

„Разбираме дека данската Управа за храна ги повлече производите, но тоа не е поради проблеми со квалитетот, туку затоа што (тестенините) биле премногу зачинети... Нашите производи се извезуваат ширум целиот свет. Но, ова е првпат да бидат повлечени поради горенаведената причина“, се вели во соопштението на компанијата.

Се чини дека тестенините не биле претходно повлечени во ниедна друга земја, ниту пак, се издадени некакви безбедносни предупредувања.

Капсаицин, инаку, е хемиско соединение во лутите пиперки коешто го предизвикува лутиот вкус. Кога луѓето јадат пиперка, капсаицинот се ослободува во плунката и се врзува за рецепторите во устата... „Самијанг“ е познат и угледен производител на храна од Јужна Кореја, што уште во 1960-тите, се наведува, била првата компанија во земјата што правела инстант-тестенини.  си/

Фото: Јутјуб

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан