Јужнокорејскиот претседател нема да учествува во државните работи пред своето предвремено повлекување
- Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јеол нема да се ангажира во надворешната политика и другите државни работи пред своето предвремено повлекување, изјави лидерот на владејачката партија Хан Дон-ху.
Сеул, 8 декември 2024 (МИА) - Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јеол нема да се ангажира во надворешната политика и другите државни работи пред своето предвремено повлекување, изјави лидерот на владејачката партија Хан Дон-ху.
Оваа изјава лидерот на партијата „Силата на народот“ ја даде за време на заедничка прес-конференција со премиерот Хан Дол-су.
Претседателот Јун вчера „преживеа“ обид за импичмент во парламентот, контролиран од опозицијата, кој беше покренат поради краткотрајното воведување на воена состојба минатата недела.
Во меѓувреме, националната новинска агенција Јонхап јави дека јужнокорејското Обвинителство отвори кривично дело во кое претседателот Јун Сук-јеол е именуван како осомничен поради прогласувањето воена состојба. ссм/
фото: архива