• понеделник, 16 декември 2024

Јужнокорејската опозиција в сабота ќе ја иницира постапката за импичмент на претседателот

Јужнокорејската опозиција в сабота ќе ја иницира постапката за импичмент на претседателот

Сеул, 5 декември 2024 (МИА) – Демократската партија на Јужна Кореја, главната опозициска политичка сила, соопшти дека планира постапката на гласањето за импичмент на претседателот Јун Сук-Јеол да ја поднесе за гласање во 19 часот по локално време в сабота, јави денеска весникот Чосун Илбо.

Лидерот на владејачката Народна партија во Националното собрание истакна дека сите пратеници од оваа партија едногласно ќе гласаат против предлогот.

- Сите 108 пратеници на Народната партија едногласно ќе ја отфрлат постапката за импичмент против претседателот, рече Чу Кјунг-хо на партиски состанок.

За смена на претседателот на државата, на опозицијата и се потребни гласовите на осум пратеници од владејачката партија.

Според јужнокорејскиот закон, предлогот за импичмент мора да биде ставен на гласање 24 до 72 часа откако ќе биде поднесен во парламентот, јави новинската агенција Јонхап.

Јун, чиј рејтинг во моментов е на рекордно ниско ниво, ќе се соочи со импичмент откако во доцна во вторникот воведе воена состојба и ја укина мерката неколку часа подоцна под притисок на пратениците и граѓаните што протестираа.

Во меѓувреме, заменик-министерот за одбрана рече дека министерот за одбрана, кој поднесе оставка, наредил распоредување трупи околу парламентот, додавајќи дека не бил информиран за воведувањето на воена состојба додека не било објавено од претседателот. јт/

Остани поврзан