Јужнокорејската војска соопшти дека Пјонгјанг истрелал неколку крстосувачки ракети
- Ракетите биле забележани утринава и паднале во морето меѓу Корејскиот полуостров и Кина, соопшти Генералштабот на армијата во Сеул. Деталите за инцидентот се уште се анализираат во соработка со САД, наведе јужнокорејската армија.

Сеул, 24 јануари 2024 (МИА) - Северна Кореја истрела неколку крстосувачки ракети кон отворено море, соопшти јужнокорејската војска.
Ракетите биле забележани утринава и паднале во морето меѓу Корејскиот полуостров и Кина, соопшти Генералштабот на армијата во Сеул.
Деталите за инцидентот се уште се анализираат во соработка со САД, наведе јужнокорејската армија.
Северна Кореја, самопрогласена нуклеарна сила, е предмет на меѓународни санкции поради нејзиното нуклеарно оружје и ракетна програма. За разлика од балистичките ракети, тестовите со крстосувачки ракети не подлежат на забраната на ОН наметната кон оваа изолирана земја.
Меѓутоа, таквото оружје може да се користи и за распоредување нуклеарни боеви глави. За разлика од балистичките ракети, наведуваните ракети имаат свој постојан погонски систем.
Во текот на изминатите две години Северна Кореја значително ги зголеми своите ракетни тестирања и ја интензивираше својата непријателска реторика против јужнокорејската и американската влада.сд/
фото:МИА архива