• вторник, 24 декември 2024

Јужна Кореја воведува нови мерки поради зголемениот број случаи со Ковид-19

Јужна Кореја воведува нови мерки поради зголемениот број случаи со Ковид-19

Сеул, 13 август 2024 (МИА) - Здравствените власти во Јужна Кореја најавија дека ќе ги зголемат постојните мерки по порастот на бројот на случаи со Ковид-19 низ целата земја во летните месеци.

Како што објавија јужнокорејските медиуми, Корејската агенција за контрола и превенција на болести презела напори по зголемувањето на бројот на случаи со Ковид-19 во земјата.

Надлежните најавија дека ќе ги засилат мерките преземени за контрола на зголемениот број случаи со Ковид-19 и дека ќе го прошират тимот за одговор за да го подобрат следењето на ситуацијата.

Властите исто така рекоа дека ќе се сретнат со експерти на 14 август, бидејќи очекуваат бројот на случаи со Ковид-19 во земјата да се зголеми до крајот на август.

Бројот на лица примени во болница поради Ковид-19 во Јужна Кореја во првата недела од август се искачи на 861, што е највисок во изминатите четири недели.

Процесот на вакцинирање на лица постари од 65 години против Ковид-19 ќе продолжи во октомври. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан