• среда, 25 декември 2024

Јувентус ќе му понуди на Игуаин 2,5 милиони евра за предвремено раскинување на договорот

Јувентус ќе му понуди на Игуаин 2,5 милиони евра за предвремено раскинување на договорот
Торино, 10 септември 2020 (МИА) - Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин е близу до напуштање на клубот, објави новинарот Николо Скира. Според изворот, торинскиот клуб е подготвен да му понуди на 32-годишниот Аргентинец 2,5 милиони евра обесштетување за предвремено раскинување на договорот. Беше објавено дека за играчот е заинтересиран Интер Мајами. Во изминатата сезона во Серија А, Игуаин одигра 32 натпревари, на кои постигна осум гола и забележа четири асистенции. зс/    

Остани поврзан