• сабота, 06 декември 2025

Јувентус ќе бара 40 милиони евра за Влаховиќ

Јувентус ќе бара 40 милиони евра за Влаховиќ


Торино, 7 мај 2025 (МИА) – Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус одреди цена од 40 милиони евра за својот напаѓач Душан Влаховиќ, но е подготвен да преговара за пониска цена со цел да го продаде и да собере пари за да го купи Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед, објавија денеска италијанските медиуми.
Договорот на Влаховиќ истекува следната сезона и тој не сака да го продолжи, па затоа клубот се обидува да го продаде за да не остане без обесштетување следната година.
Како што објави Тутоспорт, Јувентус постави цена од 40 милиони долари за Влаховиќ, но е подготвен и да преговара за пониска цена, со цел да собере средства за Хојлунд. Претставници на Јувентус веќе почнале преговори со менаџерите на данскиот фудбалер.
Раководството на Јувентус сака да ги смени напаѓачите ова лето, па покрај заминувањето на Влаховиќ, се очекува и Бразилецот Даглас Луис да го напушти клубот од Торино. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан