• понеделник, 23 декември 2024

Јувентус се спогоди со судот и избегна повисока казна

Јувентус се спогоди со судот и избегна повисока казна

 

Рим, 30 мај 2023 (МИА) – Најтрофејниот италијански фудбалски клуб Јувентус е казнет денеска со 718.000 евра и се согласи да не поднесува жалба на оваа одлука на судот на Фудбалската федерација на Италија (ФИЦГ).

Пресудата против Јувентус и седум поранешни директори на клубот е изречена поради малверзации поврзани со плати на играчи за време на пандемијата на коронавирусот. Единствениот поранешен директор кој одби да се спогоди со судот и да признае вина е поранешниот претседател на Јувентус, Андреа Ањели, и судскиот процес против него ќе почне на 15 јуни.

На почетокот на пандемијата, Јувентус пријави дека 23 играчи се согласиле на намалување на платите во период од шест месеци за да му помогнат на клубот. Обвинителството, меѓутоа, тврдеше дека играчите се откажале само од едномесечна плата.

Јувентус, кој во одвоена правна постапка веќе е казнет со одземање десет бодови, ризикуваше да му бидат одземени дополнителни бодови, но избегна повисока казна откако се спогоди со фудбалските власти во земјата.

Со оваа одлука, Јувентус ќе ја заврши сезоната во Серија А на место кое обезбедува квалификации за Лига Европа или Конференциската лига. Меѓутоа, постои веројатност Јувентус да остане без европски натпревари поради санкциите кои може да му бидат наметнати по завршување на посебната истрага која против Јувентус ја води УЕФА околу финансиски малверзации на италијанскиот гигант. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан