Јувентус се откажа од трансферот на Траоре
- Напаѓачот на Вулверхемптон, Адам Траоре нема да се пресели во Јувентус, објави „Калчомеркато“.

Торино, 23 октомври 2020 (МИА) - Напаѓачот на Вулверхемптон, Адам Траоре нема да се пресели во Јувентус, објави „Калчомеркато“.
Според изворот, раководството на италијанскиот шампион одбило да го исврши трансферот на 24-годишниот Шпанец поради високата цена на трансферот.
Во сезоната 2020/21, Траоре одигра пет натпревари за Вулверхемптон.
Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 40 милиони евра. зс/