• среда, 25 декември 2024

Јувентус подготвен да го купи Арнаутовиќ доколку замине Кин

Јувентус подготвен да го купи Арнаутовиќ доколку замине Кин
Торино, 15 август 2022 (МИА) - Јувентус размислува да го купи напаѓачот на Болоња, Марко Арнаутовиќ. Клубот од Торино сака да добие играч во случај на заминување на Мојс Кин, позајмен од Евертон, пишува новинарот Николо Шира. Претходно беше објавено дека 33-годишниот Австриец е цел на Манчестер јунајтед. Сепак, јунајтед не можат да се договорат за условите со Болоња, бидејќи италијанскиот клуб бара 14 милиони евра за играчот. Минатата сезона Арнаутовиќ за Болоња на 34 натпревари постигна 15 голови и направи една асистенција. Порталот „Transfermarkt.com“ го проценува напаѓачот на шест милиони евра. зс/

Остани поврзан