• вторник, 24 декември 2024

Јувентус во последен обид да се договори со Депај

Јувентус во последен обид да се договори со Депај
Торино, 25 август 2022 (МИА) – Раководството на Јувентус ќе направи уште еден обид да се договори за трансфер на Мемфис Депај, иако медиумите во Италија објави дека мали се шансите за позитивен исход. Според „Спорт Медиасет“, клубот од Торино веќе се договорил со напаѓачот на Марсеј, Аркадиуш Милик, но пред да ја завршат документацијата, повторно ќе се обидат да го потпишат играчот на Барселона. „Бјанконерите“ повеќе го сакаат Депај, но неговите барања за плата ги сметаат за претерано високи и речиси и не веруваат во успех на преговорите. Холанѓанецот сака да добива околу 10 милиони евра по сезона, со бонуси, додека Јувентус е подготвен да плати 5-6 милиони. Ако и при овој обид не се најде компромис, прашањето за трансфер на играчот ќе биде затворено. зс/

Остани поврзан