• сабота, 22 март 2025

Јувентус би можел да го врати Тудор доколку Мота биде отпуштен

Јувентус би можел да го врати Тудор доколку Мота биде отпуштен

Торино, 20 март 2025 (МИА) - Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота може да добие отказ. Клубот продолжува активно да разговара за идниот тренер, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо на социјалните мрежи.

Според Романо, главен кандидат за замена на Мота е Игор Тудор, легенда на торинскиот клуб и поранешен тренер на Марсеј, Лацио и Удинезе.

Како играч, Тудор помина девет години во Јувентус (1998-2007), освојувајќи пет шампионски титули. Во 2020/21 година беше дел од стручниот штаб предводен од Андреа Пирло.

Јувентус е на 5. место во Серија А со 52 бода по 29 кола. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан