• понеделник, 23 декември 2024

Јубилејна 200-та победа на Гвардиола на клупата на Манчестер сити

Јубилејна 200-та победа на Гвардиола на клупата на Манчестер сити
  Свонси, 10 февруари 2021 (МИА) – Шпанскиот фудбалски тренер Пеп Гвардиола ја запиша вечерва својата јубилејна 200-та победа на клупата на Манчестер сити, откако премиерлигашот обезбеди пласман во четвртфиналето на англискиот ФА куп со гостински триумф над второлигашот Свонси со 3:1. Екипата предводена од 50-годишниот Гвардиола веќе на почетокот на вториот дел обезбеди сигурна предност на гостувањето во Свонси со головите на Кајл Вокер (30), Рахим Стерлинг (47) и Габриел Жезус (50). Ддомаќините до крајот на натпреварот постигнаа почесен гол преку Морган Вајтекер во 77 минута. Гвардиола седна на клупата на Манчестер сити во 2016 година и на 268 натпревари досега има ефект од 200 победи, 37 порази и 31 нерешени натпревари. За Манчестер сити ова беше 15 последователна победа во сите натпреварувања, што е најдолга серија во англискиот фудбал на клуб од Премиерлигата. Манчестер сити, исто така, е во серија од 22 натпревари без пораз. Последен пат избраниците на Гвардиола загубија во ноември минатата година од Тотенхем со 2:0. ег/

Остани поврзан