• сабота, 22 февруари 2025

ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово ги расчистува градските гробишта во пресрет на Задушница

ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово ги расчистува градските гробишта во пресрет на Задушница

Куманово, 21 февруари 2025 (МИА) - Екипите на јавното претпријатие „Чистата и Зеленило“ интензивно ги расчистуваат градските гробишта во пресрет на верскиот празник Задушница кој се одбележува во сабота. Надлежните од претпријатието ги повикаа граѓаните бесплатно да преземат пластични вреќи и да го складираат сметот во нив.

-Вреќите ќе бидат бесплатно достапни на портирницата на влезот на градските гробишта. Ангажиравме дополнителни екипи за расчистување на гробиштата во пресрет на празникот. Апел од граѓаните да го складираат сметот, да го остават до контејнерите, нашите екипи ќе го отстранат, изјави директорот на претпријатието, Ненад Стојановски.

По завршување на празникот во недела ќе бидат ангажирани дополнителни работници кои ќе го изнесат сметот и ќе ги расчистат површините на оваа локација.

Од СВР Куманово денеска информираа дека утре припадници на полицијата ќе го регулираат сообраќајот кон градските гробишта. ам/сст/


Фото: МИА

Остани поврзан