• среда, 27 ноември 2024

ЈП „Паркови и зеленило“ ги уредува зелените и цветните површини низ градот

ЈП „Паркови и зеленило“ ги уредува зелените и цветните површини низ градот
Скопје, 24 февруари 2022 (МИА) - Од ЈП „Паркови и зеленило“ информираат дека нивните екипи интензивно работат на терен и ги уредуваат зелените и цветните површини низ градот. Од јавното претпријатие посочуваат дека во Центар се сади сезонски цветен расад од видот виола, а во вториот дел на Градскиот парк се подготвува теренот за садење нови садници. Оттаму потенцираат дека на повеќе локации низ градот се засадуваат нови квалитетни садници, односно во Центар на булеварот „11 Октомври“ се садат 50 садници зимзелени брзорастечки грмушки и пет од видот туи. - На „16-та Македонска бригада“ во Општина Гази Баба, продолжува етапно хортикултурното уредување на Паркот Скулптура, додека на улица „Бутелска“ продолжува хортикултурното уредување на јавните површини. Во реоните Центар, Ново Лисиче и на булевар „Србија“ на цветните површини се засадува сезонски цветен расад. Дополнување на сезонско цвеќе се врши и во леите на булевар „Илинден“ и на булевар „Климент Охридски“. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ на булевар „Александар Македонски“ поставуваат систем за полевање капка по капка на ново подигнатата цветна фигура знаме на Република Македонија, се посочува во соопштението на јавното претпријатие. По налог на Град Скопје, се вели во соопштението, екипите работат и во Рајскиот парк во Аеродром на нови објекти и реквизити, односно поставуваат видиковци, клупи, маси и корпи за отпадоци. фф/

Остани поврзан