• петок, 22 ноември 2024

ЈП „Пазаришта“ Куманово ќе добие фотоволтаици

ЈП „Пазаришта“ Куманово ќе добие фотоволтаици

Куманово, 15 август 2024 (МИА) - Јавното претпријатие „Пазаришта“ ќе постави фотоволтаици на административната зграда, соопштија денеска надлежните. Оттаму велат дека очекуваат заштеда и намалување на сметките за електрична енергија.

- Побаравме од општина Куманово да определи средства при донесување на буџетот на општината за тековната година, да одвои средства за поставување фотоволтаици на административната зграда на претпријатието. Секторот за урбанизам ја спроведува постапката и речиси привршува. Очекуваме заштеда, бидејќи плаќавме високи сметки во зимските месеци за затоплување, изјави директорот на претпријатието, Гзим Кадриу.

Тие се задоволни и од издавањето на деловните објекти, особено на зелениот пазар, но не и од издавањето на реонскиот каде што нема интерес од закупците.

- Задоволителни приходи имаме од таканаречениот „пазар за стари работи“. На зелениот издадени се поголем дел од објектите, недоволна заинтересираниот имаме на пазарот на „Октомвриска револуција“, изјави Кадриу,

Инаку на зелениот пазар издадени се 430 тезги, на реонскиот 12.

- Загрижува што дел од закупците заминуваат во пензија, а нема нови заинтересирани, вели Кадриу.

Изградбата на кружниот тек кој со најавува општината, сметаат надлежните ќе го реши проблемот со подоброто функционирање на пазарот. ам/дма/


Фото: МИА архива

Остани поврзан