ЈП Лајка ќе заловува кучиња во општина Гази Баба
- Заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со двонеделно стратешко заловување на кучиња во општина Гази Баба.

Скопје, 14 август 2023 ( МИА) - Заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со двонеделно стратешко заловување на кучиња во општина Гази Баба.
-Во периодот од 31 јули до 4 август, тимот заловуваше во следните реони: Железара, Фабрика Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово, додека, пак, во периодот од 7 до 11 август, во реоните: Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци, а интервентно се постапуваше во останатите скопски општини, информираат од ЈП Лајка.
Од тимот велат дека во овој период заловени се вкупно 58 кучиња. љм/са/
Фото: ЈП Лајка