ЈП „Лајка“: Во јануари заловени 85 кучиња во Скопје
- ЈП „Лајка“ информира дека минатиот месец, хумани третман поминале 85 кучиња.

Скопје, 5 февруари 2024 (МИА) - ЈП „Лајка“ информира дека минатиот месец во градот Скопје, хумани третман поминале 85 кучиња. Од нив, 72 кучиња биле заловени од заловувачките тимови на „Лајка“, а 13 биле донесени од граѓани.
Освен тоа, во јануари среќно се вдомиле 42 кучиња, а 59 биле вратени на матичната локација, известуваат од јавното претпријатие на Град Скопје. ир/аа/
Фото: ЈП „Лајка“