• среда, 25 декември 2024

ЈО: Четворица осомничени за разбојништво на паркинг во Гевгелија

ЈО: Четворица осомничени за разбојништво на паркинг во Гевгелија

Скопје, 27 април 2022 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“ на паркинг простор на улицата „Миле Пецанов“ во Гевгелија.

- Четворицата, заедно како група, на 26 април, на паркинг простор на улицата „Миле Пецанов“ во Гевгелија, одзеле подвижни предмети од лице од Неготинo. Кога оштетениот со својот автомобил марка БМВ пристигнал на паркингот, тие го нападнале и започнале да го удираат, нанесувајќи му телесни повреди. Со употреба на сила, осомничените му го одзеле автомобилот вреден околу 4.000 евра, торбичка во која имало околу 2.500 евра во денарска противвредност, мобилен телефон Ајфон вреден 30.000 денари, банкарски картички, клучеви од уште еден автомобил и од викенд-куќа, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Оттаму посочуваат дека поради постоење околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се дадат во бегство или ќе ја попречуваат истрагата со влијание врз сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија доставил предлог за определување мерка куќен притвор за четворицата осомничени. Судот го прифатил предлогот и на осомничените им определил куќен притвор во траење од 30 дена. ​​дма/сп/

Остани поврзан