Јохансен за МИА: Мајмунските сипаници се пренесуваат преку близок контакт, детекцијата и изолацијата клучни за справување со болеста
- За разлика од КОВИД-19, мајмунските сипаници обично не се шират лесно меѓу луѓето, а за да се случи тоа потребен е близок контакт преку кој вирусот ќе влезе во телото преку исеченица на кожат

Американскиот центар за превенција и контрола на болести наведува дека мајмунските сипаници можат да се пренесат на секого кој има близок контакт преку кожа или интимен контакт – орален, анален или вагинален секс или допирање на гениталиите на лице заболено со мајмунски сипаници. Понатаму преку прегрнување, масажа и бакнување, допирање на предмети како облека, пешкири, постелнина на лице заболено од овие сипаници, кои не се дезинфицирани.
Бремените жени можат да го пренесат вирусот на фетусот преку плацентата.
Лице заболено со мајмунски сипаници може да го шири вирусот од моментот додека не се појават симптомите, па се додека осипот не се изгуби. Болеста трае од две до четири недели.
Научниците се уште немаат одговор дали вирусот се шири додека не се појават првите симптоми, како и тоа колку често мајмунските сипаници се шират преку респираторни секрети.
Во земјава вчера до Институтот за јавно здравје беше доставен примерок за тестирање на сомнителен случај на мајмунски сипаници. Се работи за пациент од Кичево кој пред неколку дена добил осип на телото, што е еден од симптомите на мајмунски сипаници. Комисијата за заразни болести препорача изолација во домашни или болнички услови за сомнителните случаи до нивно тестирање, изолација на потврдените случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите и секојдевно епидемиолошко следење на контактите на потврдените случаи за време на трење на инкубацискиот период од 21 ден.




