• вторник, 24 декември 2024

Јоханис: Романија по 15 мај ќе воведе „состојба на подготвеност“

Јоханис: Романија по 15 мај ќе воведе „состојба на подготвеност“
Лондон, 4 мај 2020 (МИА) - Романија нема да ја продолжи вонредната состојба по 15 мај, но ќе воведе „состојба на подготвеност“ кога ќе дозволи некое мало олеснување на рестриктивните мерки, изјави претседателот Клаус Јоханис. „Гардијан“ наведува дека Јоханис истакнал дека епидемијата сè уште не поминала и дека романските граѓани ќе мора да бидат одговорни и претпазливи во наредниот период. Јоханис додава дека ќе дојде до олеснување на некои мерки кои се однесуваат на патувањата, но на луѓето и натаму нема да им биде дозволено да патуваат во групи поголеми од тројца. - Забраната за собирање на отворен и на затворен простор и натаму ќе биде на сила, рече Јоханис. паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан