Јоханес Бо постави рекордот по најмногу победи во една сезона
- Петкратниот олимписки шампион во биатлон Јоханес Бо постави рекордот по најмногу победи во една сезона.

Холменколен, 16 март 2023 (МИА) - Петкратниот олимписки шампион во биатлон Јоханес Бо постави рекордот по најмногу победи во една сезона.
Норвежанецот денеска победи во спринтот на 10 километри Светскиот куп во Холменколен - ова е негова 17-та победа сезонава.
Бо го собори сопствениот рекорд поставен во сезоната 2018/19, тогаш потоа победи на 16 трки.
Во сабота и недела, последните две трки од сезоната ќе се одржат во Холменколен кога на распоредот е потера и масовниот старт. зс/
Фото: ЕПА