• петок, 08 ноември 2024

Јотова: Ова се првите чекори во одмрзнување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Јотова: Ова се првите чекори во одмрзнување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија
Софија, 24 мај 2021 (МИА) - Бугарската потпретседателка Илијана Јотова во интервју за Бугарското национално радио изјави дека ова се првите чекори во одмрзнувањето на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, откако тие достигнале прилично безнадежна точка на развој, јави дописникот на МИА од Софија. -Со напорите на Европската Унија, мора да се најде решение за обете земји, за да се исполни Договорот за добрососедство од 2017 година и при тоа да не се избрише меморијата ниту на Бугарија, ниту на Северна Македонија, изјави Јотова во нејзиното гостување на Бугарското национално радио, изразувајќи оптимизам дека Бугарија ќе може правилно и стручно да го пренесе својот став по ова прашање со Република Северна Македонија. Според Јотова, тоа е исклучително важно, бидејќи постојат различни опции во врска со процесот на преговори на Северна Македонија со ЕУ, според кои одредени текстови ќе бидат напишани во првото поглавје или ќе се создаде дополнително поглавје по сите други и процесот на преговори за него нема да биде затворен сè додека не се расчистат односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Таа изрази надеж дека Владата на Бугарија, Министерството за надворешни работи и претседателот Радев ќе испратат добри пораки до европските партнери на Бугарија. - Убедена сум дека историјата е нешто многу важно и убедена сум дека ова ќе биде нагласено на секој состанок, вели Јотова. Според Јотова, мошне е важна темата за луѓето со бугарско потекло и односот кон нив, како и за малцинските групи, а имало случаи во Судот во Стразбур против Бугарија. Сето ова, според потпретседателката на Бугарија, треба да биде ставено на маса. Таа посочи дека патот на Албанија и на Северна Македонија е во Европската Унија и Бугарија треба да биде лобист за Западниот Балкан, нешто за што Софија се заложи пред две години. Според неа, тоа не се случило, бидејќи Владата на Борисов тоа не го направила. Таа додаде дека мора да исчезне говорот на омраза, на кој, како што рече, биле сведоци во македонските медиуми изминативе месеци. нк/ки/      

Остани поврзан