• сабота, 23 ноември 2024

Јотова: Бугарија продолжува да биде под силен европски притисок да се откаже од ветото кон Северна Македонија

Јотова: Бугарија продолжува да биде под силен европски притисок да се откаже од ветото кон Северна Македонија

Софија, 22 септември 2021 (МИА) - Бугарија продолжува да биде под силен европски притисок да се откаже од своето вето на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова за Бугарското национално радио.

Во исто време, според неа, ЕУ има се поголемо разбирање за барањата на Софија кон Скопје, претежно поврзани со правата на луѓето со бугарски идентитет.

Потпретседателката посочи неколку опции за барањата на Бугарија да станат дел од рамката на преговорите меѓу ЕУ и Северна Македонија.

-Дали овие услови што ги поставивме ќе бидат во првото поглавје, или ќе бидат запишани и ќе траат како црвена нишка во целиот процес на преговори, или конечно ќе бидат изнесени во посебно 36-то поглавје, е прашање на разработка со услови и дека ќе се земе предвид бугарската позиција, изјави Јотова.

Тоа прашање ќе се дискутира на претстојниот состанок ЕУ-Западен Балкан во октомври, организиран од словенечкото ротирачко претседателство со ЕУ. дма/сст/

Остани поврзан