• сабота, 23 ноември 2024

Јорданскиот премиер ги повика САД да стават крај на масакрот во Газа

Јорданскиот премиер ги повика САД да стават крај на масакрот во Газа

Оман, 19 јануари 2024 (МИА) - САД и другите западни сили треба да го искористат своето влијание врз Израел за да се стави крај на актуелниот „масакр“ во Газа, изјави јорданскиот премиер Бишер ал Хасаване.

Хасаване кажа дека израелското бомбардирање на Газа ги има сите „елементи на воени злосторства против човештвото“ и дека меѓународната дипломатија е неопходна за да се обезбеди прекин на огнот, пренесува „Џерусалим пост“.

„Потребно е лидерство од нашите американски пријатели и нашите американски партнери и различни земји во светот, кои можат да влијаат на процесот на донесување одлуки во Израел за да се стави крај на овој масакр“, рече јорданскиот премиер на собирот на арапската дијаспора во Лондонската школа за економија.

Тој додаде дека јавното мислење на Западот е загрижено поради насилството и неможноста да се обезбеди помош за опустошените делови на Газа.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан