• среда, 27 ноември 2024

Јолевски: Обвинителствата немаат доволно кадри, има 380 вработени од потребни 1.100

Јолевски: Обвинителствата немаат доволно кадри, има 380 вработени од потребни 1.100

Скопје, 24 август 2023 (МИА) - Обвинителствата немаат доволно кадри. Се зборува за зголемување на администрација, а никој не кажува дека токму во судството се намалува администрацијата, истакна претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, на денешната изјава за медиумите по денешната седница на Советот во врска со разгледување и усвојување на Предлог проекцијата за буџетот на Советот и Стратешкиот план на Советот.

Тој исто така информираше дека во овој момент се чека од Министерство за Финансии и Министерство за информатичко општество да  одобрат за вработувања.

Јолевски спомна дека според извештаите има 380 вработени во сите обвинтелства од потребни 1.100, ставајќи посебен акцент за стручната служба каде што нагласи дека одредени обвинителства немаат ниеден дактилограф. А доколку им се одредуваат парите тие да имаат сопствен буџет, како што рече многу ќе се подобри нивната состојбата.

- Пополнувањето на јавните обвинтелски места навистина ни е приоритет. Имаме четири обвинителства со по еден обвинител, едно обвинителство со 10 години без обвинител и имаме и други обвинителства каде се со двајца тројца обвинители од потребни седум или осум. За граѓаните да можат да ја добијат својата помош и услуга, треба да има и лица кои би им помогнале, изјави Јолевски.

Додаде дека по системот на кариера и во повисоки обвинтелства мора да се изберат кадри кои имаат одредено работно искуство, а има кадри избрани пред две години кои исто не исполнуваат услови за да стигнат до повисоки обвинителства, но рече дека високите обвинтелства се празнат.

Во однос на прашањето дали со работата на Академијата за судии и јавни обвинители, можат да се дополнат овие места во догледен период, тој категорично рече дека не може да се продуцира кадри бидејќи две и пол години ќе треба за следната генерација која сега го полага приемниот.

Во однос на начинот на аплицирање Јолевски рече дека тоа би можело да се надополни со измени на законот или при аплицирањето во академија или да се овозможи избор пред да почнат во академија. Ако го положи приемниот испит за академија, односно ние да бираме кадри кои ќе работат под менторство.

Освен Стратегијата каде што е приоритет се пополнување на кадриде, Советот на денешната седница ја усвои и Предлог проекцијата на буџетот каде што во делот на плати спаѓа околу 81 процент, околу 14-15 проценти од останатите ставки за набавка на стоки и услуги и околу пет проценти се во делот на опремување.

- Бројката 46 милиони денари малку високо, но сметаме дека овие се минимални износи кои не се голем зафат во буџетот и кои нема да бидат товар на буџетот. Ова е буџет каде што ние изразуваме минимални барања за какво такво работење како совет. Додека во врска со тоа што излезе Завод за ревизија за тој процент, ние одамна не го добиваме тоа што е предвидено. Сето тоа нормално дека ќе се одразува на работењето. Рачунајте дека треба да работите со пола пари од тоа што е предвидено, изјави Јолевски.

Тој исто така го спомна неговиот предлог кој бил прифатен, на којшто во акциониот и стратешкиот план кој треба да профункционира 2023-2027 година, се предвидува да се формира посебно тело, еден самостоен јавнообвинителски буџетски совет кој би ги добивал на почетокот на годината парите кои се предвидени согласно законот, судскиот совет да ги добива тие пари кои се предвидени, па тие ќе ги трошат понатаму, тие ќе ценат колку кадри им требаат, колку ќе примат, колку ќе испуштат. сх/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан