Јокиќ и Тејтум прогласени за играчи на неделата во НБА
- НБА-лигата ги прогласи најдобрите играчи на неделата.

Вашингтон, 7 јануари 2025 (МИА) – НБА-лигата ги прогласи најдобрите играчи на неделата.
Во Западната конференција победник е центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ.
Србинот на четири натпревари оствари просек 36,5 поени, 16,5 скока и 11,3 асистенции по натпревар.
Во Источната конференција, ѕвездата на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум го понесе признанието.
Тејтум играше на пет натпревари и имаше просек 25,5 поени, 8,0 скока и 4,5 асистенции. зс/
Фото: ЕПА