• петок, 05 декември 2025

Јовановски: Реконструкција на постоечкиот и изградба на нов затворен базен во Кичево

Јовановски: Реконструкција на постоечкиот и изградба на нов затворен базен во Кичево

14 октомври 2025

Веднаш по стапувањето на функцијата ќе пристапиме кон реконструкција на отворениот градски базен кој се наоѓа во склоп на Домот на АРМ, се наведува во соопштението од изјавата на Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Исто така имаме изготвено проект за изработка на базен од затворен тип кој ќе функционира преку целата година.

Потоа ќе пристапиме кон одбележување на велосипедска патека од Другово до населбата Пашино.

Имаме изготвено проекти за изградба на повеќенаменски игралишта во сите населби кадешто се итно потребни.

Исто така предлагам да се изградат детски катчиња во секоја населба кадешто дечињата ќе можат да се релаксираат.

Ти одлучуваш!

Линк од видео материјал: 

https://www.youtube.com/watch?v=m4FmhJe8W00

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан