• недела, 22 декември 2024

ЈКП Тетово: Бесплатно ќе се подига инертниот отпад, само да не се остава до контејнери

ЈКП Тетово: Бесплатно ќе се подига инертниот отпад, само да не се остава до контејнери

Тетово, 9 октомври 2024 (МИА) - Инертниот отпад како мебел, даски, врати, прозорци ЈКП „Тетово“ бесплатно ќе го презема од граѓаните, или пак таквиот вид отпад граѓаните можат да го однесат до претоварната станица која се наоѓа во близина на Фалише. Ова денес го најави Самет Бислими, директор на ЈКП „Тетово“ по седницата на Советот на Општина Тетово.

- Ваквата одлука доаѓа откако претходното решение од април 2024 година, не даде резултат кога граѓаните плаќаа 1.000 денари за носење трактор (два кубни метри) инертен отпад, па овој отпад граѓаните оставаа на улиците или околу контејнерите. Сметаме дека треба да ја обезбедиме оваа услуга бесплатно, со единствена цел да не се остава околу контејнерите или во контејнер, изјави Самет Бислими

Граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 044-331-167, секој работен ден од понеделник до петок од 07:00 до 15:00 часот. Бислими рече дека побарал од инспекторатот да преземе мерки и да прави почести проверки на најкритичните точки каде се фрла инертен отпад. ас/

ФОТО: МИА Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан