• сабота, 23 ноември 2024

Јејл воведува нов курс за поп-ѕвездата Бијонсе

Јејл воведува нов курс за поп-ѕвездата Бијонсе

Њу Хејвен, 12 ноември 2024 (МИА) - Следната година Универзитетот Јејл во Њу Хејвен, Конектикат, САД, ќе воведе нов курс којшто ќе ја проучува работата и делото на поп-ѕвездата Бијонсе, која веќе важи за една од највлијателните уметници во историјата на американската музика.

Насловен „Бијонсе гради историја: Радикална афроамериканска традиција, култура, теорија и политика низ музиката“, курсот ќе се сосредоточи на периодот од 2013 година до денес, но и на тоа како светски познатата пејачка и текстописец влијае во општествено-политичките збиднувања.

Професорката по Афроамерикански студии на Јејл, Дафне Брукс планира да го искористи обемниот репертоар на пејачката, вклучувајќи снимки од нејзините настапи во живо, како начин за студентите да учат за Афроамериканците - интелектуалци низ историјата.  си/ссм/

Фото: МИА архива

Остани поврзан