• понеделник, 23 декември 2024

Јермак: Ќе бидат сменети функционерите кои ги избегнуваат воените должности

Јермак: Ќе бидат сменети функционерите кои ги избегнуваат воените должности

Киев, 26 јануари 2023 (МИА) – Функционерите на украинската Влада кои ги избегнуваат своите должности за време на војната брзо ќе бидат сменети, изјави, шефот на кабинетот на украинскиот претседателот Андриј Јермак.

- Секој треба да го разбере своето ниво на одговорност кон државата и нацијата за време на војната. Кој и да заборави на тоа, реакцијата ќе биде брза. Ова ќе му се случи на секој кој ќе си дозволи да ги заборави (своите должности), без оглед на титулите и функциите“, напиша Јермак на Твитер.

- Повеќе од десет функционери беа разрешени оваа недела по серијата скандали и обвинувања за корупција.

Остани поврзан