• среда, 04 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Јермак: Путин само покажува желба да убива

Јермак: Путин само покажува желба да убива

Киев, 24 април 2025 (МИА) - Шефот на кабинет на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак утринава на платформата Х го прокоментира новиот бран руски напади врз украинските градови.

„Русија во моментов ги напаѓа Киев, Харков и другите градови со ракети и беспилотни летала. Путин само покажува желба да убива. Огнот мора да престане. Нападите врз цивилите мора да престанат“, напиша Јермак на украински.

 

Заедно со објавата тој прикачи и видео на кое е прикажана сцената на спасување, на која во темница се гледаат спасувачи со шлемови и осветлени од батериски светла, како ги пребаруваат урнатините под кои, како што претходно објавија медиумите, се закопани луѓе.

Јермак рече дека нападите докажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин не е заинтересиран за мир.

Да потсетиме, Русите рано утринава ги нападнаа Киев и Харков со беспилотни летала и проектили. Западните медиуми јавува дека очевидци пријавиле серија силни експлозии.

 

Според првичните информации во ракетниот напад врз Киев загинале девет лица, а 63 се повредени, од кои 42 се хоспитализирани, меѓу кои и шест деца.

Од нападот се урнати станбени згради, а потрагата по луѓе под урнатините е во тек.

На терен се излезени психолози и екипи со кучиња трагачи од Државната служба за вонредни состојби јавуваат украинските медиуми.сд/

Остани поврзан